Поранешниот репрезентативец на Македонија, а и брат на Кире Лазаров, Филип Лазаров го продолжи договорот со германски Ратинген.
Филип Лазаров го продолжи договорот со Ратинген на уште една година, а неговата улога ќе биде асистент на Аце Јоновски. Тој во Ратинген дојде во 2018 година, како играч, а сега и помошник тренер во германскиот тим.
“Многу сум благодарен на клубот што можам понатаму да се развивам како помошник тренер во гордоста на Ратинген и што можам да продолжам да придонесувам со моите искуства и идеи во иднината. Заедно сакаме да создадеме одржлив успех во тимот“, – вели Филип Лазаров.
Филип Лазаров претходно има настапувано и за Металург, Пелистер, Вардар и Бешикташ.
(фото – Рк Ратинген)📷