Филип Лазаров е нов тренер на Интерактив Хендбол

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров е нов тренер на германскиот тим Интерактив Хендбол.

Левиот бек Филип Лазаров кој има 37 години првин беше асистент на Ацо Јоновски, а сега тимот го стави како прв тренер на екипата. Асистент на Филип Лазаров во тимот на Интерактив Хендбол ќе му биде некогашниот соиграч Александар Оелзе.

„Многу сме среќни и апсолутно убедени во ова внатрешно решение, кое го најдовме по многу дискусии. Сите вклучени се познаваат и се ценат. Дополнително, тие го носат потребниот квалитет за да ги постигнеме нашите цели“, – изјавија од клубот Интерактив Хендбол.

(фото – Рк Интерактив)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.