Македонскиот репрезентативец и ракометар на Вардар 1961, Филип Талески на крајот од сезоната ќе има нов предизвик во својата кариера.
На Талески на крајот од сезоната му истекува договорот со Вардар 1961, и сабота против тимот на Алкалоид ќе го одигра последниот натпревар за македонскиот вицешампион.
Заминувањето на Филип Талески беше потврдено на неговиот инстаграм профил, а се очекува потврда и од екипата на Вардар 1961.

(фото – Гол.мк)📷