Филип Талески: Сега се фокусираме на тактиката и се подготвуваме за турнирот во Струга

Тимот на Вардар 1961 се подготвува за новата сезона, а првиот тест ќе биде турнирот во Струга кој ќе се одржи во периодот од 16-20 август.

Ракометарот на Вардар 1961, Филип Талески со своја изјава за подготовките на тимот и за турнирот во Струга.

“Поминаа неделите на физичка подготовка. Сега се фокусираме на тактиката и се подготвуваме за турнирот во Струга. Ќе има убав ракомет и доста квалитетни екипи. Првиот меч ни е против Алкалоид. Се работи за сериозна екипа со квалитетни играчи, наследници кои треба да дојдат во репрезентацијата. Максимално ќе играме против секој ривал. За нас ќе биде тест за она што ќе нè очекува во новата сезона“, – изјави Филип Талески.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.