Фленсбург го освои трофејот во Лигата на Европа во машка конкуренција

Екипата на Фленсбург стана шампион во Лигата на Европа во машка конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот славеше против Монпелје со 32-25.

Во натпреварот за трето место, односно за бронзата екипата на Кил ја совлада екипата на Мелсунген со резултат 37-31.

Составот на Фленсбург во полуфиналето беше подобар од тимот на Мелсунген на продолженија со резултат 34-33, додека тимот на Монпелје во полуфиналето славеше против Кил со минимални 32-31.

(фото – ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *