Франција е шампион на Светското младинско првенство за жени

Селекцијата на Франција е шампион на Светското првенство во младинска конкуренција кај жените, откако во финалето ја совлада селекцијата на Унгарија со 29-26.

Репрезентацијата на Холандија ја освои бронзата, односно третото место, откако триумфираше против Данска со резултат 34-28.

Португалија славеше против Шведска со 26-25, за петтото место, додека Исланд беше подобар од Швајцарија со 29-26 за седмото место.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.