Селекцијата на Франција ја совлада селекцијата на Полска со резултат 26-24 на стартот на Светското првенство.
Од почетокот на натпреварот Франција беше во водство, па на пауза замина со предност од 14-13. Полска во текот на целиот натпревар даваше отпор, но не доволно за победа, и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасен кај Франција беше Дика Мем со седум гола, додека кај Полска најефикасен беше Симон Сичко исто така со седум гола.
(фото – Ракометна Федерација на Полска)📷