Францускиот ракометар Руди Сери е ново засилување на Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер се засили со францускиот бек Руди Сери кој доаѓа од екипата на Сесон Рен од Франција.

Францускиот лев бек Руди Сери кој има 27 години со екипата на Еурофарм Пелистер потпиша договор на две години. Руди Сери во својата кариера има настапувано за францускиот клуб Селештат Алкасе, шпанска Бидасоа Ирун и францускиот Сесон Рен.

Официјалното претставување на Сери во Битола предвидено е пред почетокот на натпреварувачката сезона 2022/23.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести