Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) го исклучи тимот на Фруитленд Борец од Велес од Супер лигата.
Исклучувањето е поради тоа што тимот на Фруитленд Борец допатува со девет ракометари во Купот на Македонија.
Младинските категории на Фруитленд Борец не се исклучени и ќе продолжат со натпреварувањата.
Преостанатите натпревари на Фруитленд Борец ќе бидат регистрирани со службени 10-0 за противниците во плеј-аутот.
(фото – Рк Фруитленд Борец)📷