Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија ја донесе одлуката за местото на одржување на Ф4 турнирите во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Ф4 турнирите во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција ќе се одржат во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје од 17 до 19 мај.
“Се усвои информацијата доставена од страна на Натпреварувачка комисија за организација на финалниот турнир од македонскиот ракометен КУП 2024 во машка и женска категорија, и истиот ќе биде организиран во Скопје во спортскиот центар Борис Трајковски во период од 17-ти до 19-ти Мај 2024 година”, – стои во соопштението на РФМ.
(фото – РФМ)📷