Како што претходно објави СЕХА – Газпром лигата, фајнл-форот во сезоната 2022/23 ќе се одржи од 6 до 8 јуни во Санкт Петербург во Сибур Арената, само со руски и белоруски екипи.
Во април беа закажани разигрувањата меѓу екипите од Источната и Јужната дивизија, за кои беа активни подготовките. Сепак, клубовите од „Дивизија Југ“ непосредно пред овој момент добија забрана од националните олимписки комитети во оваа фаза да учествуваат во натпревари со екипи од Русија и Белорусија. Поради тоа, плеј-офот нема да се одржи.
На фајнал-форот на СЕХА-Газпром лигата во Санкт Петербург ќе учествуваат Мешков Брест, Пермски Медведи, СКА Минск и Чеховски Медведи.
Распоредот на натпреварите, програмата за билети и други детали за фајнал-форот ќе бидат објавени подоцна.
(фото – Сеха Лига)📷