Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за Ф4 турнирот во Лигата на Европа во женска конкуренција.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Глорија Бистрица и Дунареа Браила, додека во второто полуфинале ќе играат Нант и Сторхамар.
Ф4 турнирот во Лигата на Европа во женска конкуренција ќе се игра во Грац (Австрија) во салата “Раифајзен Спортпарк“ на 13 и 14 мај.
(фото – ЕХФ)📷