ГРК Охрид пред нов предизвик. Во третото коло од плеј-офот во Супер лигата, екипата му гостува на Тиквеш во Кавадарци.
„Гладијаторите“ најавуваат максимално залагање и борбеност во битката за значајни бодови. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Хазеин Рустамов.
“Во плеј-оф нема лесни натпревари. Секој меч треба да се игра до крај, ангажирано и сконцентрирано. Не чека добар натпревар со Тиквеш во Кавадарци, на кој треба да го дадеме нашиот максимум за да извојуваме победа”, – изјави Хазеин Рустамов.

(фото – ГРК Охрид)📷