Екипата на Охрид го продолжи договорот со централниот бек Халил Озтурк кој останува и следната сезона.
Турскиот ракометар со над 20 натпревари за турската сениорска репрезентација игра на среден (централен) бек и ќе биде одлично засилување за “новиот тим” на Охрид. Зад себе Озтурк има 55 настапи и за младинските селекции на Турција, со кои во 2013 година добил место во олстар – тимот на Балканското првенство, а на младинските Медитерански конфедерациски игри во Италија 2014 бил прогласен за најдобар централен бек во олстар – тимот.
Озтурк во ГРК Охрид дојде од Рк Металург, а претходно својата кариера ја градеше во Тото Спорт – Турција кој тим беше шампион во сезоната 2020/2021. Пред тоа играл за Гозтепе и Национал лотарија (Турција).
(фото-ГРК Охрид)📷