Хампус Ване е ново засилување на Барселона

Екипата на Барселона се засили со левото крило Хампус Ване кој доаѓа од тимот на Фленсбург.

Хампус Ване со тимот на Барселона потпиша договор на три сезони до 2025 година. Ване настапува и за репрезентацијата на Шведска.

„Барса е најголемиот тим на светот. Да се стигне до таму е огромно достигнување во мојата кариера. Мојата цел е да останам на исто ниво и да ги подобрам моите перформанси како во последните 9 години во Бундеслигата“, – изјави Хампус Ване.

(фото – Рк Барселона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.