Хироки Мацуока е нов ракометар на Охрид

Јапонскиот репрезентативец Хироки Мацуока е ново засилување на Охрид, каде тимот ќе се бори во плеј-офот од Супер лигата.

Мацуока (174цм, 74кг) има 26 години и игра на позицијата среден бек, а во Охрид ќе го носи дресот со број 5 и потпиша за тимот до 2025 година.

Во тимот на Охрид доаѓа од Брно, Чешка, а пред тоа дел од тимот на Осаки Осол, Јапонија, каде во 2022/2023 е избран за МВП на јапонската лига. Има повеќе од 20 настапи за младинската репрезентација на Јапонија, а доби повик и ќе е дел од сениорскиот тим на Јапонија на Азиските игри во јануари.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.