Охрид на средина од плеј-офот гостува во Кавадарци на Тиквеш. „Гладијаторите“ се свесни за важноста на натпреварот и најавуваат дека ќе дадат се од себе да се вратат на победничката патека.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Хироки Мацуока, кој очекува победа против Тиквеш.
“Мора да го победиме Тиквеш за да го добиеме првенството. Ниту ние, ниту нашите навивачи сакаат повеќе да губиме. Нема сомнеж дека сме подобри со секој следен натпревар. Тешко е да се постигне голема цел, но мислам дека сега е време. Сакам да ги надминам овие тешки моменти заедно со сите мои фанови”, – изјави Хироки Мацуока од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷