Екипата на Холабрун каде настапуваат Никола Костески и Влатко Митков забележаа минимална победа против Леобен со 24-23 во разигрувањето за пласман во елитната конкуренција на Австрија.
На овој натпревар Никола Костески имаше осум погодоци, додека Влатко Митков имаше пет погодоци.
Екипата на Холабрун има четири бода и е на првото место на табелата.
(фото-Рк Холабрун)📷