Холандија се пласира во следна фаза, Исланд славеше против Унгарија

Репрезентацијата на Холандија се пласира во следната фаза, откако ја совлада Португалија со минимални 32-31. Најефикасен во Холандија беше Кај Смитс со осум погодоци, додека кај Португалија најефикасен беше Виктор Итуриза со седум погодоци.

Исланд славеше против Унгарија со 31-30 и се пласира во следната фаза од Европското првенство. Најефикасен во Исланд беше Бјарки Мар Елисон со девет погодоци, додека кај Унгарија најефикасен беше Бенце Банхиди со шест погодоци.

Резултати од 3. коло од Европското Првенство (мажи):

Холандија 32-31 Португалија

Исланд 31-30 Унгарија

Полска 23-30 Германија

Белорусија 29-26 Австрија

Босна и Херцеговина 24-28 Шпанија

Црна Гора 33-32 Словенија

Словачка 27-36 Русија

Украина 25-38 Хрватска

Чешка 27-27 Шведска

Франција 29-25 Србија

Литванија 29-35 Норвешка

Македонија 21-31 Данска

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести