На социјалните мрежи федерацијата на Холандија објави дека Ерлингур Ричардсон повеќе нема да биде селектор на машката сениорска репрезентација.
Ерлингур Ричардсон кој има 49 години на селекторското столче пристигна пред пет години. Холандија под негово водство на Европското првенство во Унгарија и Словачка беше на 10 место.
Претходно Ричардсон беше предводник на репрезентацијата на Исланд и екипата на Фуксе Берлин.
(фото-Ракометна Федерација на Холандија)📷