Холандија ја совлада Унгарија, Шпанија се намачи со Чешка

Репрезентацијата на Холандија ја совлада Унгарија среде Будимпешта со резултат 31-28. Најефикасен во Холандија беше Кај Смитс со 11 погодоци, додека кај Унгарија најефикасен беше Мате Лекаи со осум погодоци.

Шпанија се намачи со Чешка но славеше победа со два гола разлика со резултат 28-26. Најефикасен во Шпанија беше Едуардо Гурбиндо со шест погодоци, додека кај селекцијата на Чешка најефикасен беше Јакуб Хрстка исто така со шест погодоци.

Резултати од 1. коло од Европското првенство (мажи):

Русија 29-27 Литванија

Словенија 27-25 Македонија

Србија 31-23 Украина

Шпанија 28-26 Чешка

Данска 30-21 Црна Гора

Хрватска 22-27 Франција

Унгарија 28-31 Холандија

Норвешка 35-25 Словачка

Шведска 30-18 Босна и Херцеговина

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.