Хрватот Рудолф Ѕвонимир Сафранко е прво засилување за Охрид за следната сезона

Екипата на Охрид го донесе првото засилување во своите редови за следната сезона, а тоа е хрватот Рудолф Ѕвонимир Сафранко.

23 годишниот хрватски репрезентативец (196цм, 99кг) игра на позиција лев бек. Доаѓа од тимот на Цирих (Швајцарија) со просек од 6.1 голови по натпревар, и со екипата на Охрид потпиша договор на две години.

Хрватот ја започнува својата кариера за Загреб, потоа настапувал за екипата на Умаг, Добова (Словенија) пред да замине во тимот од Швајцарија. Има над 20 настапи за сите младински категории на Хрватската репрезентација.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.