Хрватска со 19 ракометари на Мундијалот во Полска и Шведска

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Хрвоје Хорват, го објави конечниот список на ракометари за настап на Мундијалот во Полска и Шведска.

На списокот повикани се 19 ракометари. Селекцијата на Хрватска е во група со репрезентациите на Египет, Мароко и САД.

Голмани
Доминик Кузмановиќ (Нексе), Дино Славиќ (ППД Загреб), Мате Шуниќ (Иври)

Крила
Марин Јелиниќ (Нексе), Ловро Михиќ (Висла Плок), Филип Главаш (Тримо Требње), Паоло Краљевиќ (ППД Загреб)

Кружни напаѓачи: 
Жељко Муса (ППД Загреб), Марин Шипиќ (Криенс Луцерн), Никола Граховац (ППД Загреб), Леон Шушња (Висла Плок)

Бекови: 
Домагој Дувњак (Кил), Лука Циндриќ (Барселона), Игор Карачиќ (Киелце), Јаков Гојун (ППД Загреб), Звонимир Срна (ППД Загреб), Јосип Шарац (Гепинген), Иван Мартиновиќ (Мелсунген), Лука Шебетиќ (Минден)

(фото – Ракометна Федерација на Хрватска)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести