Христијан Крстаноски го продолжи договорот со Куманово

По промоцијата на новиот тренер и спортски директор за наредната сезона тимот на Куманово официјално ја продолжи соработката со ракометарот Христијан Крстаноски.

Играчот кој е роден 2000 година и е висок 197 сантиметри со суперлигашот од Куманово потпиша договор една плус една година.

Крстаноски во својата кариера настапуваше за тимовите на Струга, Вардар Неготино, Металург РА и Куманово.

“Ми претставува чест и задоволство што го продолжив договорот со МРК Куманово”, – изјави ракометарот Христијан Крстаноски.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *