Христијан Милошески е нов ракометар на Бутел Скопје

Раководството на Бутел Скопје го договори ангажманот на левиот бек Христијан Милошески.

Милошески има 25 години (191/83) и доаѓа од тимот на Голден Арт, каде што настапуваше последните две сезони. Кариерата ја започна во Филип Вардар од Прилеп, а беше дел и од тимовите на Прилеп, Вардар Јуниор и Работнички.

“Ми претставува чест што повторно ќе бидам дел од тимот на Бутел и како играч ќе го вложам цел мој капацитет како и секогаш досега. Верувам дека нашата екипа, на чело со тренерот и управувачкиот тим, оваа сезона ќе постигне голем успех”, – изјави Милошески.

Прилепчанецот по три сезони се враќа одново во тимот на Бутел Скопје, каде настапуваше во сезоните 2019/20 и 2020/21.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *