Екипата на Голден Арт се засили со левиот бек Христијан Милошески и пикерот Кристијан Стојаноски.
Христијан Милошески кој има 22 години, доаѓа од екипата на Прилеп и со екипата на Голден Арт потпиша договор на две години, а Кристијан Стојаноски кој има 18 години, доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров.
“Моја чест и задоволство е да го носам дресот на тим кој е подготвен да вложува во македонскиот ракомет. Се надевам дека ќе допринесам до успесите на клубот, и заедно ќе стигнеме до елитната Супер лига, но исто така се надевам и дека самиот ќе се стекнам со многу искуство и знаење. Сакам да изразам и голема благодарност на клубот за понудата и приликата која што ми ја даде”, – изјави Христијан Милошески.

“Голема благодарност до амбициозниот тим на Голден Арт за дадената шанса. Овој тим има одлични услови за тренинг што е најбитно за добра подготвеност. Ќе работам максимално и се надевам со мојот ангажман, професионално ќе одговорам на поставените задачи. Ќе се потрудам безрезервно да го дадам своето целосно знаење за екипата да дојде до нашата заедничка цел”, – изјави Кристијан Стојаноски.

(фото – Рк Голден Арт)📷