Христијан Петковски е ново име во редовите на Тинекс Пролет

Христијан Петковски е нов член на Тинекс Пролет откако перспективниот тинејџер го стави потписот на договорот со клубот.

Станува збор за 19-годишен ракометар кој настапува на позицијата десен бек, а доаѓа во таборот на Тинекс Пролет од редовите на Мулти Есенс.

Овој перспективен млад играч ќе тренира со првата екипа и ќе се обиде да се наметне кај тренерот Александар Јовиќ за настап на натпреварите во вториот дел од сезоната, во кој Тинекс Пролет ќе биде дел од плеј-оф разигрувањето.

За клубот веќе настапува братот на Христијан, Андреј Петковски, кој неколку години наназад ја чува мрежата на Тинекс Пролет.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести