Хумана акција на Еурофарм Пелистер на дербито со Вардар

Екипата на Еурофарм Пелистер на дербито со Вардар, кое ќе се одигра во салата “Боро Чурлевски”, во Битола организира хумана акција.

Од Еурофарм Пелистер ги повикаа сите навивачи да донесат плишани играчки и на полувремето да ги фрлат на теренот.

“РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2024 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (сабота, 14 декември -18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *