На 1 јуни во недела со почеток од 10:00 часот ќе се одржи Јуниор Куп организиран од Ракомет За Секое Дете.
Овој турнир ќе биде хуманитарен Јуниор Куп и ќе се одржи во СЦ “Марко Божиновски”, во Ново Лисиче (Скопје).
“Придружете ни се на завршниот Јуниор Куп, турнир во мини-ракомет – со учество на над 280 деца, 27 екипи, 27 натпревари, многу спорт, насмевки и хуманост. Собраните средства ќе бидат донирани за семејствата на настраданите членови од бендот ДНК, преку Фондацијата „Марко Божиновски“”, – објавија од Ракомет За Секое Дете.

(фото – Фејсбук/Ракомет За Секое Дете)📷