Од Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) потврдија дека цела сала “Борис Трајковски” е распродадена и повеќе нема билети за ревијалниот натпревар помеѓу ветераните и сегашните репрезентативци.
Што значи повеќе од 6.000 љубители на ракометот ќе можат да го видат спектакалот “Сите ѕвезди”.
Ревијалниот натпревар што ќе има хуманитарен карактер ќе започне од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

(фото – РФМ)📷