Цената на билетите за натпреварите во Купот на Македонија по 150 денари

На 13, 14 и 15 мај салата “Јасмин” во Кавадарци ќе биде домаќин на Ф4 турнирите во Купот на Македонија во женска и машка конкуренција.

Организаторот ги откри цените на билетите и тие ќе бидат по 150 денари, тие влезници се дневни и можат да се следат двата натпревари во текот на денот.

На 13 мај се играат полуфиналните натпревари кај мажите, додека на 14 кај жените, додека на 15 мај се играат финалињата.

Во машка конкуренција трофејот го брани Вардар 1961, додека во женска екипата на Куманово.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.