Репрезентацијата на Црна Гора славеше против Словенија со минимални 33-32 и се пласира во следната фаза од Европското првенство. Најефикасен во Црна Гора беше Бранко Вујовиќ со девет погодоци, додека кај Словенија најефикасен беше Тилен Кодрин со шест погодоци.
Русија ја запиша третата победа на Европското првенство против репрезентацијата на Словачка со 36-27 и се пласира во следната фаза. Најдобар стрелец во Русија беше Сергеј Марк Косоротов со седум погодоци, додека кај Словачка најдобар стрелец беше Томас Урбан со седум погодоци.
Резултати од 3. коло од Европското Првенство (мажи):
Босна и Херцеговина 24-28 Шпанија
Црна Гора 33-32 Словенија
Словачка 27-36 Русија
Украина 25-38 Хрватска
Чешка 27-27 Шведска
Франција 29-25 Србија
Литванија 29-35 Норвешка
Македонија 21-31 Данска
(фото-ЕХФ)📷