Селекцијата на Црна Гора ја совлада репрезентацијата на Франција со резултат 27-26 и ја освои бронзата на Европското првенство.
Црна Гора на полувреме имаше предност од 13-12. До крајот на натпреварот беше неизвесно, па така двете репрезентации заминаа на продолженија, на кој поуспешна беше Црна Гора.
Најефикасна за селекцијата на Црна Гора беше Јованка Радичевиќ со шест гола, додека кај селекцијата на Франција најефикасна беше Нзе Минко со четири гола.
(фото – Ракометна Федерација на Црна Гора)📷