Екипата на ЦСМ Букурешт продолжува да се засилува за следната сезона, откако во своите редови донесе репрезентативка на Данска.
Станува збор за Трине Остергард, која настапува на позицијата десно крило и доаѓа од екипата на Битигхајм.
“Многу сум среќна и горда што сум дел од тимот на ЦСМ Букурешт. Тоа е голем клуб, со многу големи амбиции и фантастични играчи. Сакам да постигнам што е можно повеќе настапи заедно, едвај чекам да се сретнеме со тимот, но повеќе избрани навивачи. Ајде ЦСМ“, – изјави Трине Остергард.
(фото – ЖРК ЦСМ Букурешт)📷