Романскиот тим ЦСМ Букурешт продолжува да се засилува за наредната сезона, и во своите редови донесе нова ракометарка.
Станува збор за шпанската репрезентативка Џенифер Гутиерез, која доаѓа од Рапид Букурешт. Таа со екипата на ЦСМ Букурешт потпиша договор на две години.
Гутиерез освен за Рапид Букурешт, настапуваше и за Борусија Дортмунд, а настапува и за репрезентацијата на Шпанија.
(фото – ЖРК ЦСМ Букурешт)📷