Екипата на Чаир забележа победа против составот на Стружанка со резултат 31-23 во натпревар од плеј-офот во Женската Супер лига.
Чаир на полувреме замина со предност од два гола, 14-12. Во второто полувреме Чаир ја зголеми предноста и на крај да слави висока победа против Стружанка.
Најефикасна во тимот на Чаир беше Биљана Дамчевска со пет гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Ивана Затуроска со шест гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷