Екипата на Чаир забележа висока победа против екипата на Астибо со убедливи 43-25 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Чаир победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 23-10.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Стефанија Ѓеоргиевска со осум гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 12 гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷