Екипата на Чаир го доби дербито со Вардар, откако триумфираше со конечни 27-26 во Женската Супер лига.
Тимот на Вардар имаше предност на полувреме од 15-13. Во второто полувреме екипата на Чаир со пресврт успеа да го совлада Вардар.
Најефикасна во тимот на Чаир беше Теодора Гулицоска со 9 гола, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Сара Стефаноска со 12 гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷