Екипата на Чаир го доби дуелот со екипата на Скопје со високи 40-24 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Чаир победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 22-9.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Јасмина Попова со осум гола, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Стефани Ристиќ исто така со осум гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷