Ракометарките на Чаир забележаа триумф против Вардар со 27-25 во плеј-офот во Супер лигата.
Чаир го презеде водството во првото полувреме и на пауза замина со предност од 14-12. Во вториот дел Чаир продолжи со добрата игра за на крај да забележи победа против Вардар.
Најефикасна во екипата на Чаир беше Теодора Дукоска со девет погодоци, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Ивона Трпевска исто така со девет погодоци.
(фото-ЖРК Чаир)📷