Екипата на Чаир забележа победа против екипата на Вардар со конечни 31-28 во натпревар од Женската Супер лига.
Составот на Чаир во текот на целиот натпревар го имаше водството, па на крај да слави победа против Вардар.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Билјана Дамчевска со девет гола, додека кај Вардар најефикасна беше Леона Миленкоска со осум гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷








