Екипата на Чаир забележа победа на гостувањето кај екипата на Ѓорче Петров со конечни 28-26 во Женската Супер лига.
На полувреме тимот на Чаир имаше водство од 14-13. Во второто полувреме беше неизвесно, но на крај Чаир го совлада тимот на Ѓорче Петров.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Марија Николовска со шест гола, додека кај Ѓорче Петров најефикасна беше Емилијана Ризоска исто така со шест гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷








