Екипата на Чаир забележа победа на домашен терен против екипата на Куманово со минимални 26-25 во Женската Супер лига.
Иако составот на Куманово имаше шанса за реми, сепак не погоди пенал во последните секунди и Чаир оствари победа,
Најефикасна во редовите на Чаир беше Марија Николовска со осум гола, додека кај Куманово најефикасни беа Аманда Стеин и Нена Нестороска со по шест гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷








