Екипата на Чаир славеше убедлива победа против Спартак со убедливи 39-17 во натпревар од Женската Супер лига.
Чаир добро го започна натпреварот и на полувреме имаше високи 21-6. Второто полувреме беше само формалност Чаир да ја завери високата победа против Спартак.
Најефикасна во тимот на Чаир беше Марија Николовска со седум гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јана Ѓошевска исто така со седум гола.
(фото-ЖРК Чаир)📷