Екипата на Чаир забележа лесна и убедлива победа против екипата на Пелистер со високи 31-17 во Женската Супер лига.
Составот на Чаир и на полувреме имаше високо водство од 16-6, па на крај лесно да слави против Пелистер.
Најефикасна кај Чаир беше Билјана Дамчевска со 12 гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Даниела Шиниковска со 4 гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷