Екипата на Чаир забележа лесна и убедлива победа против екипата на Пелистер со високи 34-16 во Женската Супер лига.
Тимот на Чаир одигра добар натпревар, па заслужено славеше висока победа против Пелистер.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Рона Мифтари со осум гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасни беа Анастасија Тодоровска и Ана Стојчевска со по четири гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷








