Екипата на Чаир забележа лесна победа против екипата на Шампион со високи 49-23 во Женската Супер лига.
Тимот на Чаир победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 26-10.
Црвен картон поради три исклучувања заработи ракометарката на Шампион, Берна Куч.
Најефикасна во екипата на Чаир беше Јасмина Попова со 16 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасни беа Ана Ристевска и Мила Филипова со по 5 погодоци.
(фото – ЖРК Чаир)📷