Чаир победнички против Астибо

Екипата на Чаир забележа победа против екипата на Астибо со конечен резултат 45-37 во Женската Супер лига.

Тимот на Чаир од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така на крајот стигна до победа против Астибо.

Најефикасни во редовите на Чаир беа Стефанија Ѓеоргиевска и Теодора Дукоска со по девет гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 20 гола.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.