Ракометарките на Чаир забележаа победа на гостувањето кај екипата на Астибо со високи 39-24 во Женската Супер лига.
Составот на Чаир во текот на целиот натпревар имаше високо водство, па на крај да слави со висока победа против Астибо.
Најефикасна во тимот на Чаир беше Стефанија Ѓорѓиевска со осум гола, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со десет гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷