Екипата на Чаир забележа победа на гостувањето кај екипата на Пелистер со конечни 33-24 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Чаир, и на полувреме имаше високо водство од 21-13. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Чаир, па на крај да слави против Пелистер.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Стефанија Ѓеоргиевска со осум гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Кристина Наумовска со седум гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷